Сеќавање - Карпалак

Централно чествување на 23 години од Карпалак

08.08.2024 14:56

Централното чествување на 23 години од Карпалак беше пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп. И овој пат главни се пораките – никогаш да не се повтори, но и да не се заборави. Владата најавува со конкретни проекти и мерки грижа за бранителите...

Непребол, сеќавања и пораки да не се заборави, но и да не се повтори. По 23 години од подмолното убиство и трагедијата кај Карпалак, билансот е: 10 загинати, од 100 преживеани починале 15-тина, а сите ги носат траумите и уште го поставуваат прашањето – што всушност се случи кобниот 8 - ми август 2001-та.

Градот ги има спомените, незаборавот, а историјата своите херои, порачаа прилепските локални власти.

На 23-годишнината од Карпалак стигнаа и обновени владини ветувања за заштита и грижа за бранителите.

Спомените за 10-те загинати прилепчани опфатија чествување во прилепската касарна и посета на нивните вечни почивалишта во Прилеп и населените места.

 

Елизабета Митреска