Материјалните штети од пожарите се големи, но уште поопасни се еколошките последици
Приведен жител на село Ореше осомничен за предизвикување на пожар кај селото Папрадиште. Во полициска станица го признал делото. Од ден на ден се потврдуваат сомнежите дека пожарите се подметнати. Од Македонски шуми велат дека материјалните штети се големи, но уште поопасни се еколошките последици …

Еден месец борба со огнената стихија до исцрпеност. Ова лето е најжешко за оние кои учествуваа во гаснењето на пожарите.
Огнените јазици ги голтаат македонските шуми. Додека едни пожари се гаснат, други се разгоруваат. Директорот на ЦУК вели дека најголем дел од нив се подметнати. Приведено е уште едно лице од велешко поради предизвикување на пожари.
Милионски суми се материјалните штети предизвикани од пожарите кои допрвин ќе се проценуваат. Но, уште поголеми се еколошките катастрофи кои долгорочно ќе ги чувствуваме, вели заменик директорот на Национални шуми – Кире Михаилов.
Надлежните апелираат, доколку граѓаните забележат сомнителни лица да пријават на бројот 112.
Александра Велинова
