Агенцијата за цивилно воздухопловство

АЦВ: Аеродромските службеници постапиле професионално

09.08.2024 08:53

Констатирано е дека аеродромските служби постапувале професионално и се придружувале до правилата кои се наметнати согласно со имплементираната меѓународна регулативата, не дозволувајќи заобиколување на стандардите...

Тим инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство извршиле увид во доказите и спроведе вонреден инспекциски надзор во ТАВ Македонија, во врска со немилиот настан во кој беше инволвирана и косовската претседателка Османи.

Констатирано е дека аеродромските служби постапувале професионално и се придружувале до правилата кои се наметнати согласно со имплементираната меѓународна регулативата, не дозволувајќи заобиколување на стандардите и процедурите дури и под притисок на лицата кои биле во придружба на патникот.

Ако постапеле различно ќе се соочеле со сериозни санкции, се вели во соопштението на Агенцијата за цивилна заштита.