МВР

МВР прави проверка на првоосомничениот за планираните терористички напади во Виена

09.08.2024 08:59

По барање добиено од австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад во Виена. Австриската полиција уапси две лица осомничени за планирање напади на концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена...

Министерството за внатрешни работи постапува по барање добиено од австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад во Виена. Австриската полиција уапси две лица осомничени за планирање напади на концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена.

19 годишен австриски државјанин со потекло од Македонија е првоосомничен за планираните терористички напади. Уапсен е со уште двајца малолетници на возраст од 15 и 17 години.

Според австриските власти се радикализира преку интернет и ветил верност на исламската држава.

Со експлозив и ладно оружје сакал да се убие себеси и илјадници други луѓе, признал вина.