Блиски Исток

Тензиите растат, регионот на раб на катастрофа

09.08.2024 09:04

Италијанската премиерка Мелоно во телефонскиот разговор со иранскиот претседател Пазешкијан побара смирување на тензиите за спречување да прошири конфликтот на Блискиот Исток...

Израелскиот министер за одбрана Галант предупреди дека во случај на ескалација, Израел ќе се бори со сите расположливи средства против милитантите на Хезболах.

Италијанската премиерка Мелоно во телефонскиот разговор со иранскиот претседател Пазешкијан побара смирување на тензиите за спречување да прошири конфликтот на Блискиот Исток. Американската централна команда соопшти дека борбени авиони еф-22 се стационирани на Блискиот Исток за евентуална одбрана од иранските напади на Израел.

Во меѓувреме, израелските одбранбени сили и натаму дејствуваат во Појасот Газа. Најмалку 40 Палестинци настрадаа во израелските напади, тврдат тамошните власти.