ЛОИ - Атлетика
Тебого стана нов олимписки шампион во престижната атлетска трка на 200 метри
09.08.2024 10:05
Тебого, со време 19,46, постави нов рекорд на Африка, а и го донесе првото олимписко злато на неговата Боцвана...

Летсил Тебого стана нов олимписки шампион во престижната атлетска трка на 200 метри, оставајќи го главниот фаворит Ноа Лајлс без „планираниот“ златен медал.
Тебого, со време 19,46, постави нов рекорд на Африка, а и го донесе првото олимписко злато на неговата Боцвана.
Американскиот атлетичар, Лајлс, победи во драматичен финиш на трката на 100 метри, но немаше сили да му се спротивстави на Тебого, за по финалето да објави дека бил позитивен на ковид и дека тоа му создало многу проблеми последните неколку денови.
