Кризата на Блискиот Исток продолжува
Израелски авиони повторно удрија во упориштата на Хезболах во јужен Либан. Милитантите возвраќаат, истрелани ракети кон северот на Израел. Во Газа, засилени напади...

Кризата на Блискиот Исток продолжува. Израелски авиони повторно удрија во упориштата на Хезболах во јужен Либан. Милитантите возвраќаат, истрелани ракети кон северот на Израел. Во Газа, засилени напади. Погодени две училишта. Биле користени од Хамас-тврди Тел Авив.
Во регионот распоредени американските ловци. Сојузникот САД со заканувачки тонови до Иран-ќе претрпите разорен удар доколку го нападнете Израел. Од Техеран велат-тие не се во позиција да започнат војна против нас. Од одбраната на Израел со предупредување-ќе се бориме со сите расположливи средства. Италија на линија со Иран. Бараат деескалација.
Мировните преговори мора да продолжат-посредниците ги повикаа Израел и Хамас да се вратат на преговарачката маса на 15 август.
„Правиме редовни проценки на ситуацијата. На висока одбранбена готовност сме по сите параметри што ги имаме. Силата и издржливоста на израелската јавност е клучно прашање. Постои психолошки обид на непријателот да сее страв, да раскажува и да заплашува“, изјави Јоав Галант – министер за одбрана на Израел.
„Иран не треба да го ескалира овој конфликт, не треба да презема никакви дополнителни ескалаторски чекори кои не се во нивни, ниту пак, во интерес на поширокиот регион. Веруваме дека прекинот на огнот ќе придонесе за ублажување на тензиите и ќе ни овозможи да постигнеме напредок во дипломатските напори да донесеме смиреност и долж либанско-израелската граница“, изјави Метју Милер – портпарол на Стејт департментот.
