САД

Доналд Трамп и Камала Харис договорија дебата

09.08.2024 10:37

Првата дебата на двјацата претенденти за Белата Куќа е закажана за 10 септември на телевизијата „Еј-Би Си“...

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да учествува во три дебати на различни медиуми со неговата демократска ривалка Камала Харис, во септември годинава. Харис го прифати предизвикот и изјави дека со нетрпение очекува да се соочи со него. Првата дебата на двјацата претенденти за Белата Куќа е закажана за 10 септември на телевизијата „Еј-Би Си“.

„Мило ми е што конечно се согласи на дебата на 10 септември. Со нетрпение го очекувам. И, се надевам дека ќе се појави, па и на дополнителна дебата потоа“, изјави Камала Харис - демократски кандидат за претседател на САД.

„Се договоривме со три телевизиски куќи за дебата.. Разговаравме со одговорните, тоа е потврдено освен некои ситни детали како локација, град, но, сите тие работи ќе се решат многу лесно“, изјави Доналд Трамп - републикански кандидат за претседател на САД.