Јанкулоска на министерски состанок во Милано
08.07.2014 10:26
Министерката за внатрешни работи ќе присуствува на европскиот министерски состанок за намалување на ризици од катастрофи што се одржува како дел од „Рамката за намалување ризици од катастрофи по 2015 година“...

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Милано, Република Италија, ќе присуствува на европскиот министерски состанок за намалување на ризици од катастрофи што се одржува како дел од „Рамката за намалување ризици од катастрофи по 2015 година“, тематски насловен „Градење систем за отпор кај катастрофи на нациите и заедниците“.
Предвидено е, соопшти МВР, во рамки на министерската средба свое обраќање да има и министерката Јанкулоска.
