Јапонија
Јапонија издаде предупредување за зголемен ризик од силен земјотрес
09.08.2024 10:41
Претходните потреси од оваа пукнатина оставија илјадници мртви. Предупредувањето ќе важи една недела...

Јапонија за првпат издаде предупредување за зголемен ризик од силен земјотрес во блиска иднина откако земјата синоќа беше погодена од потрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер во кој беа повредени 8 лица.
Според експертите, ризикот да се случи е поголем од вообичаено со оглед на локацијата на епицентарот која го потресе островот Кјушу, а се наоѓа на пукнатината Нанаки.
Претходните потреси од оваа пукнатина оставија илјадници мртви. Предупредувањето ќе важи една недела.
