Турција
Најмалку 9 лица загинаа, откако автобус удри во столб на мост во Полатли
09.08.2024 12:37
Несреќата се случила во близина на градот Полатли, на околу 80 километри од Анкара, а сообраќал од Измир на запад до Агри, на истокот од земјата...

Автобус кој патувал меѓу градовите во Турција излетал од автопат и удрил во столб од надвозник при што загинале девет лица, a најмалку 26 се повредени.
Несреќата се случила во близина на градот Полатли, на околу 80 километри од Анкара, а сообраќал од Измир на запад до Агри, на истокот од земјата.
Истрагата допрва треба да ја покаже причината за несреќата.
