Тутунопроизводство

Тутунот трпи од сушата, а тутунарите од ниските цени

09.08.2024 12:41

Во ек е бербата на тутунот. и кај тутунот, сушата го зема данокот. Тутунарите се скептични за родот, но и за цените. Анексите на договорите нема да го решат проблемот, туку нов закон за тутун...

Сушата се одразува и на тутунопроизводството. Тутунарите пресметуваат дека родот ќе биде намален, а стравуваат и од исплатливоста поради, за нив, ниските цени. Прилепчанецот Оливер Димитриоски, со семејството го затекнавме на берба и укажа на стравувањата што ги имаат тутунарите.

Исплатливоста е во откупна цена од 600 денари за килограм. Договорите пролетоска се склучија на досегашните цени. Спасот е во измена на Законот за тутун за да бидат рамноправни партнери со откупувачите.

За годинашново тутунопроизводство со откупувачите се склучени преку 29.000 договори за реколта од 26.000 тони.

 

Елизабета Митреска