Крани во ново руво

Се возобновува туризмот во Преспа

08.07.2014 10:39

Годинава, еден од најубавите и најголемите автокампови во Македонија со нов концесионер и со ново руво. Камперите задоволни од промената...

Во вториот по големина туристички центар во државава, Преспа, започна летната сезона. По неколкугодишното назадување на туризмот, од пред две три години вложувањата се, се поочигледни и поголеми. Се средуваат плажите, се реновираат објектите, се вложува во инфраструктура. Времето носи и нови концесионери. Годинава еден од најубавите и најголеми автокампови, со нов концеионер и во ново руво, но со стари цени.

„5 до 5,5 евра по лице од кревет е нешто што е прекрасно од цена, а за простор одлично. Имаме за 40 евра седум ноќевања по лице“, вели Никола Трпеновски, концесионер на АД Крани.

Концесионерот ветува и базен, подобра снабденост и бурен ноќен живот. Автокампот располага со 300 лежаи, а заедно со камперските приколки не така одамна овде престојувале околу 5.000 гости. Камперите задоволни од промената. 

Ваквите вложувања и издавањето на објектите и плажите под концесија треба да донесат и нов имиџ на Преспа, а и поголем број гости.

„Постојано да работиме на наоѓање нови инвеститори, на луѓе, на правни или физички лица кои ќе вложуваат во туризмот, во реставрација на преспанскиот туризам кој некогаш претставуваше една од носечките гранки на Преспа“, изјави градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.

Ако кон ова се додаде и алтернативниот туризам, кој привлекува се повеќе странски туристи, Преспа станува привлечна туристичка дестинација. 

 

Сандре Темелковски