Македонија
Кривична пријава за предизвикување шумски пожар
09.08.2024 13:20
Уапсен прилепчанец кој предизвикал повеќе шумски пожари во Македонски Брод. Полицијата го затекнала на самото место, а со него носел предмети за палење оган...
Уапсен прилепчанец кој предизвикал повеќе шумски пожари во Македонски Брод. Полицијата го затекнала на самото место, а со него носел предмети за палење оган. Заработи кривична пријава. Пламените јазици и натаму се закана за Македонија. Домашни и странски екипи еден месец се справуваат со пожарите. Во Скопје, денеска гореше на три локации. Каква е моменталната состојба, известува Борис Грујоски.
