МВР

Претрес во Охрид, приведен дилер

09.08.2024 13:50

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ч.(47) од Охрид...

Вчера во 14.00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ч.(47) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.