Струга станува препознатлива туристичка дестинација

Монденски изглед на плажите во Струга

08.07.2014 11:00

Струга е се повеќе барана туристичка дестинација и од домашните и од странските гости. Гостољубивоста на населението е голема предност, но и поради условите за летување – ниски цени и уредени плажи кои се наоѓаат во самиот град. Концесионерите се трудат да држат чекор со монденските одморалишта...

Песочни плажи долж целиот брег на езерото, шанкови, ладни напитоци и добра музика. Струга ја има туристичката предност сето ова да се наоѓа во самиот град, што е голема  предност за туристите и помал трошок за летување. Добро е и за самите Стружани, за нивните секојдневни летни забави. Плажите се уредуваат и според стандардите на се поголемиот број странски гости.

Со доаѓањето на холандските туристи во Струга се подигна и свеста кај самите концесионери на струшките плажи, денес тие се опремени со потребните реквизити, спасители, а имаат и монденски изглед.

Некои од плажите со својата атрактивност беа магнет и одличен декор за снимање видео-спотови на нашите естрадни уметници.

„Ние се потрудивме да направиме една модерна плажа по урнек на светски познатите плажи. За туристите овде има се што им е потребно за вистинско уживање“, вели Сафет Османоски, менаџер на плажата Версус во Струга.

И оваа сезона концесионерите ќе и посветат внимание на безбедноста на капачите, пристап до до простор и закуп на лежалка.

„Плажата е подготвена, лежалките дел се поставни затоа што веќе се бараат. Нашата спремност да ги пречекаме сите гости е беспрекорна“, велиу концесионерот на Женска плажа, Боро Симјаноски.

 Иако оваа година поради временските прилики летото започна малку подоцна од вообичаеното , сепак туристичките работници очекуваат добра сезона. И без разлика на времето, сосема е сигурно дека холандските туристи остануваат се до месец октомври.

 

Јованчо Наумоски