Македонија

Викендов Македонија домаќин на Европскиот џудо куп

09.08.2024 14:18

Пријавени се натпреварувачи од 26 земји, од кои 163 во машка и 106 во женска конкуренција или вкупно 269 учесници...

Џудо федерацијата на Македонија викендов ќе биде домаќин на вториот по ред Европски јуниорски џудо куп – Скопје 2024, којшто ќе се одржува во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје и тоа од 09 до 11 август. Пријавени се натпреварувачи од 26 земји, од кои 163 во машка и 106 во женска конкуренција или вкупно 269 учесници.

Најбројна е селекцијата на Грција со 27 натпреварувачи и натпреварувачки.

Репрезентацијата на Македонија, ќе биде застапена со 19 џудисти (10 во машка и 9 во женска конкуренција), предводени од селекторот Александар Фузевски.

Европскиот јуниорски џудо куп – Скопје 2024 е биде надополнет и со тридневниот Џудо-камп.

Наредната година Џудо федерацијата на Македонија ќе биде организатор и домаќин на Европското кадетско првенство.