Политика

Продолжуваат партиските препирки за ветингот на функционерите

09.08.2024 14:25

Социјалдемократите кројат став за ветингот, а за дестабилизацијата велат, тоа е обид на премиерот Мицкоски да ги скрие катастрофалните политики. ДУИ со повик до партиите да се престане со ловот на вештерки и дефокусирање на јавноста и да се донесе закон за меѓународно мониториран ветинг, во ВМРО-ДПМНЕ велат ДУИ се свесни дека ќе има одговорност...

Дестабилизацијата на државата и ветингот на функционерите во фокусот на политичките партии. Социјалдемократите кројат став за ветингот, а за дестабилизацијата велат, тоа е обид на премиерот Мицкоски да ги скрие катастрофалните политики.

ДУИ со повик до партиите да се престане со ловот на вештерки и дефокусирање на јавноста и да се донесе закон за меѓународно мониториран ветинг од независноста до денес. Веднаш реплицираа од Влен-ДУИ имаше 22 години можност да се справи со корупцијата. Предлагаат уставни измени за да не застари на злоупотреба на службената положба

И додека во Влен, велат дека ДУИ нема поддршка и со наводите за дестабилизација прави обид за паника, во ВМРО-ДПМНЕ велат ДУИ се свесни дека ќе има одговорност, а протестите и обидите за дестабилизација им се подлога да можат да вадат членови на улица кога нивните корумпирани функционери ќе треба да одговараат пред институциите.

 

Миле Ристески