Горица Гранчарова-Кожарева нов в.д. премиер на Бугарија
Румен Радев, ја задолжи заменик-претседателката на ревизорската комора, Горица Гранчарова-Кожарева, да формира привремена влада...

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја задолжи заменик-претседателката на ревизорската комора, Горица Гранчарова-Кожарева, да формира привремена влада. Најави дека на 20 октомври ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Назначувањето следи по повлекувањето на Димитар Главчев од функцијата.
„Уверен сум дека сте свесни за оваа одговорност и ќе дадете се од себе. навистина водиме низ оваа критична ситуација, ви го предавам мандатот и ви посакувам успех“, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.
„Овој мандат го преземам со јасно чувство на одговорност. Ќе формирам кабинет за да се обезбеди нормално функционирање на државата додека не се формира редовна влада, но главна задача на кабинетот ќе биде организирање и одржување предвремени избори“, Горица Гранчарова – иден привремен премиер.
