Во Унгарија откриен уште еден заболен со вирусот на антракс

08.07.2014 11:25

Во соопштение од ветеринарната служба се вели дека антракс е откриен кај крава заклана на приватна фарма...

Еден човек е примен во болница со симптоми на инфекција по конзумирање говедско месо заразено со смртоносен антракс во областа Хевес на исток во Унгарија.
 
Во соопштение од ветеринарната служба се вели дека антракс е откриен кај крава заклана на приватна фарма.
 
Минатата недела антракс беше идентификуван во замрзнато говедско во друг дел на Унгарија откако две животни биле заклани незаконски на една фарма. Од ветеринарната служба наведуваат дека двата случаја не се поврзани и оти животните биле заразени преку храна.