мвр
Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода врз пожарот во реонот на Јасен
09.08.2024 19:04
Денеска хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени и припадниците на Специјалната антитерористичка единица – Тигар, дејствуваа на пожарот во реонот на Јасен...

Денеска хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени и припадниците на Специјалната антитерористичка единица – Тигар, дејствуваа на пожарот во реонот на Јасен.
Благодарение на одличната соработка помеѓу овие две единици, со координирани дејствија од воздух и од земја, под контрола е ставен фронтот кој имаше опасност да го загрози резерватот Јасен.
Во 17 циклуси на хеликоптерот Бел 412, исфрлени се над 25 тони вода, информира МВР.
