Иселувањето ги празни училиштата, годинава 500 првачиња помалку од лани
Се повеќе училишни клупи остануваат празни. Според информации на Министерството за образование досега има 500 помалку запишани првачиња од лани. Властите загрижени. Велат - ќе се потрудиме да ги промениме состојбите нашите граѓани да останат во државава...

Иселувањето ги празни училиштата. Околу 500-тини првачиња помалку се запишале во мај годинава споредено со минатата. За 15 години има околу 50 илјади помалку ученици во основните, а околу 30 илјади во средните училишта.
Учебниците по историја и географија кои недостасуваа изминатите години, оваа учебна година основците ќе ги добијат. Ќе нема учебниците по странските јазици бидејќи некои не се одобрени од Бирото за развој на образованието, за некои поништени се тендерите и има приговори.
Оваа академска година нема да бидат во функција два студентски дома поради реконструкција. Но, министерката вели дека студентите ќе се сместуваат и во ученички домови.
Александра Велинова
