Македонија

Оштетена спомен-плочата поставена кај Карпалак во спомен на загинатите бранители во 2001 година

09.08.2024 18:55

Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители...

Денеска околу 11 часот во СВР Тетово е пријавено дека е оштетена плочата поставена кај Карпалак во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година. МВР презема мерки за расчистување на случајот. Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен-плочата на загинатите бранители.

Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на Министерството уште во утринските часови. Веднаш е пријавено во МВР за преземање на соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до Меѓународната заедница.

Министерството за одбрана веднаш презема активности за поставување на нова спомен-плоча и истата ќе биде поставена во најбрз можен временски рок – објави министерот Мисајловски.