мвр
МВР најостро го осудува оштетувањето на спомен-плочата кај Карпалак
09.08.2024 19:24
Министерството за внатрешни работи најостро го осудува оштетувањето на спомен-плочата кај Карпалак поставена во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година...

Министерството за внатрешни работи најостро го осудува оштетувањето на спомен-плочата кај Карпалак поставена во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година и ја известуваме јавноста дека се преземаат сите потребни мерки и активности за расчистување на случајот и најстрого санкционирање на сторителот-се вели во соопштението од МВР.
„Денеска во 11.05 ч. во СВР Тетово е пријавено дека е оштетена спомен-плочата поставена кај Карпалак. По расчистување на случајот, соодветно ќе ја известиме јавноста“, соопштија од МВР.
