мвр
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведено едно лице
09.08.2024 21:42
При претресот пронајдена е кеса со марихуана, како и семки од канабис...

Денеска врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претрес во дом и други простории во Прилеп, кои ги користи Р.Р.(52) од Прилеп. При претресот пронајдена е кеса со марихуана, како и семки од канабис.
Р.Р. е приведен во полициска станица, а по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава, информира МВР.
