Тајфунот Неогури пустоши на јапонскиот остров Окинава

08.07.2014 11:29

Ветерот се движи со брзина од 250 километри на час...

Половина милион луѓе се евакуирани, училиштата затворени, а летовите се откажани поради тајфунот Неогури на јапонскиот остров Окинава. Ветерот се движи со брзина од 250 километри на час.
 
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување од највисок степен дека постои опасност од силни ветрови и обилни дождови. Може да предизвика бранови високи до 14 метри. Затоа им препорача на граѓаните да не бидат на отворено. Повеќе од 50 000 домаќинства се без струја, а прекината е и работата на нафтената рафинерија.  Во невремето досега е повредена една жена, а еден рибар се води како исчезнат. 
 
Соња Стојановска