БРАЗИЛ

Авионска несреќа во Бразил, нема преживеани

09.08.2024 22:01

Градското собрание на Вињедо соопшти дека во несреќата нема преживеани...

Авион со 62 патници се урнал во станбена област во градот Вињедо, Сао Паоло. Авионот кој се движел кон Меѓународниот аеродром Гуарулхос, во Сао Паоло, се урнал со 58 патници и четири членови на екипажот.

Градското собрание на Вињедо соопшти дека во несреќата нема преживеани. Во соопштението на авиокомпанијата не се наведува која е причината.

На терен се противпожарната служба и припадниците на цивилната одбрана како и воената полиција.