Центарот за управување со кризи

ЦУК: Пожарот на Галичица се шири кон Стење, се слушаат и експлозии од куршуми и гранати

10.08.2024 09:29

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека вчера од 10:30 часот е започнат пожар на ниска вегетација во многу непристапен карпест и каменест терен кој тешко се гасни од земја, во атарот на с. Полог (Општина Новаци). Пожарот има голем фронт и се шири во правец кон селата Скочивир, Грумази и Сливица...

ЦУК информира за активните пожари и под контрола, со повеќе детали од последното деноноќие, според територијата што административно ја „покриваат‘ неговите регионални центри за управување со кризи:

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека вчера од 10:30 часот е започнат пожар на ниска вегетација во многу непристапен карпест и каменест терен кој тешко се гасни од земја, во атарот на с. Полог (Општина Новаци). Пожарот има голем фронт и се шири во правец кон селата Скочивир, Грумази и Сливица.

Во текот на денот интервенирале ТППЕ Битола со 2 пожарникари и 1 ПП возило и 9 вработени од ЈП НШ „Кајмакчалан“ Битола. Во 23.00 часот дополнително биле испратени 3 пожарникари со 1 ПП возило во с. Скочивир, додека во 04.40 часот 2 пожарникари со 1 ПП возило кај Манастирот во с. Сливица. ЈП НШ се повлекле од терен во 18:00 часот и истите ќе бидат ангажирани во раните утрински часови.