Прилеп

Вечерва во Прилеп почнува „Пивофест“

10.08.2024 11:27

Во времето на фестивали, Прилеп со повеќе од две децении ја одржува традицијата на фестивалот на пивото. Големата летна забава стана можност да се видат домашните со нашинците од секаде во светот и нивните странски гости. Градот очекува околу 60 000 гости и голем економски бенефит.

Пенлив пијалак, вкусна скара и голема летна забава по повеќе од дводецениска традиција, нуди и овој пат прилепскиот фестивал на пивото. Фестивалот стана можност да се видат домаќините и нашинците од секаде во светот со нивните странски гости.

Градските власти ги гарантираат безбедноста, чистотата и редот во сообраќајот и паркинг просторот. Фестивалот е со голем економски бенефит.

Организаторите пресметуваат – на фестивалот се очекуваат околу 60.000 гости и посетители.

 

Елизабета Митреска