САД ќе испрати нов пакет воена помош за Украина во вредност од 125 милиони долари
Воената помош ќе биде 10-та транша на опрема откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша амандманот за националната безбедност во април...

САД објавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 125 милиони долари, во кој ќе бидат вклучени ракетите „стингер“, артилериска муниција и противоклопни системи.
Воената помош ќе биде 10-та транша на опрема откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша амандманот за националната безбедност во април. Од 2021-ва, Америка на Украина и испрати 20-тина пакети помош и 62 транши опрема обезбедена од резервите на Министерството за одбрана.
„Соединетите Држави објавуваат уште еден нов пакет безбедносна помош за Украина, нагласувајќи ја нашата непоколеблива посветеност кон нив додека тие продолжуваат да се борат против руската агресија. Ова ќе биде нашата 63-та транша опрема од август 2021 година и 10-та откако Претседателот го потпиша Додатокот за национална безбедност во април“, изјави Џон Кирби, координатор на Советот за национална безбедност за стратешки комуникации.
