Бразил

Тридневна жалост по авионската несреќа во Бразил

10.08.2024 12:55

Во авионот имало 57 патници и четворица членови на екипажот. Се урна во местото Вињедо, во близина до Сао Паоло...

Тридневна жалост по авионската несреќа во Бразил кога загина 61 лице, нема преживеани. Во авионот имало 57 патници и четворица членови на екипажот. Се урна во местото Вињедо, во близина до Сао Паоло. Компанијата со жалење, информира дека сите патници на летот 2283 загинале на самото местото. Засега нема информации што ја предизвикало несреќата.

„Она што се обидуваме да го направиме сега, колку што е можно, бидејќи не можеме да ги вратиме животите на овие луѓе, е да обезбедиме најдобар и најбрз можен одговор и пред сè, преку истраги, да откриеме што била вистинската причина за несреќата“, изјави Гилерме Дерите, секретар за јавна безбедност на Сао Паоло.