Русија со антитерористички мерки во регионите Белгород, Брјанск и Курск
Нов пакет воена помош од Соединетите Американски Држави за Украина. Русија воведе антитерористички мерки во три погранични региони...

САД објавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 125 милиони долари, во кој ќе бидат вклучени ракетите „стингер“, артилериска муниција и противоклопни системи. Воената помош ќе биде 10-та транша на опрема, откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша амандманот за национална безбедност во април. Од 202-ва Америка на Украина и испрати 20-тина пакети помош и 62 транши опрема обезбедена од залихите на Министерството за одбрана.
Русија воведе антитерористички мерки во регионите Белгород, Брјанск и Курск. Ова следи по вонредна седница на советот за безбедност во врска со „специфичните аспекти на борбата против тероризмот“ со која претседаваше рускиот претседател Владимир Путин.
„На агенда на оперативниот состанок со постојаните членови на советот за безбедност е многу важно прашање во врска со конкретните аспекти на борбата против тероризмот“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
Руското министерство за одбрана објави снимка на која се гледаат воен персонал и опрема распоредени во регионот Курск со намера да ги потисне украинските сили. Три лица загинаа во два руски напади врз регионите Доњецк и Харков во источна Украина. Александар Лукашенко изјави дека вооружените сили на Украина синоќа го нарушиле воздушниот простор на Белорусија.
Александра Спировска
