Недисциплина во издавање фискални сметки
Летниот период се карактеризира со наплив на туристи во посета на нашата земја, а тоа носи и зголемен промет за трговците и угостителите. Ова го вклучува алармот на УЈП за поголема ангажираност на терен за следење на даночната усогласеност. Сликата на терен укажува на недисциплина во издавањето на фискални сметки.

Дваесет години од воведувањето на фискализацијата во Македонија. Но, угостители и трговци сè уште манифестираат недисциплина во издавање на фискални сметки во период на најголем промет, покажува сликата од терен по контролите од УЈП.
Граѓаните навика за собирање фискални стекнаа по можноста за скенирање и поврат на ДДВ. Но, сепак тие за нив се и доказен документ.
Во летниот период зголемен е бројот на издадени станбени објекти под закуп и подзакуп. За непријавување на доходот во УЈП казните се движат од 300 до 10 илјади евра.
Со цел да се избегне изрекување на глоби и парични казни, даночните обврзници доброволно да се усогласат со даночните закони, апелираат од УЈП.
Ружица Ѓоршевска
