Повеќе од 100 луѓе загинале во напад на училиште во Појасот Газа
Во израелски воздушен напад погодено училиште претворено во засолниште во градот Газа. Има загинати, соопштија палестинските здравствени власти. Израелската војска го призна нападот, но тврди дека погодил команден центар на Хамас во училиштето. Хамас негира дека го користел училиштето како команден центар...

Повеќе од 100 луѓе загинале во напад на училиште во Појасот Газа. Израелските сили повторно се вратија во Кан Јунис додека илјадниците Палестинци беа принудени да го напуштат градот во јужниот дел на Газа. Катар, посредник во конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа побара итна истрага.
Палестинските власти соопштија дека овој бил еден од најсмртоносните напади во 10-месечната војна меѓу Израел и Хамас.
Светските лидери ги повикаа Хамас и Израел да ја прифатат поканата од САД, Египет и Катар за продолжување на преговорите за прекин на огнот на 15-ти август во Доха или во Каиро.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порачал на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант дека зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“ и ја истакнал потребата од прекин на огнот во Газа, соопшти американскиот Стејт департмент.
Александра Велинова
