Руско - украински конфликт
Најмалку 13 цивили повредени во Курск по напад на украински дрон
11.08.2024 09:16
Најмалку 13 луѓе се повредени ноќеска во градот Курск, во Русија, кога остатоци од украинско беспилотно летало што било погодено од руската противвоздушна одбрана паднале врз станбена зграда од девет ката...

Најмалку 13 луѓе се повредени ноќеска во градот Курск, во Русија, кога остатоци од украинско беспилотно летало што било погодено од руската противвоздушна одбрана паднале врз станбена зграда од девет ката, соопштија претставници на руската област Курск, која граничи со Украина.
Вршителот на должноста шеф на таа област Алексеј Смирнов на Телеграм објави дека две повредени лица се во тешка состојба.
Градоначалникот на Курск, Игор Кучак изјави дека е на сила предупредување за воздушна закана за целиот град Курск.
