Заврши националната манифестација „10 дена Крушевска Република“
Со темата „Илинден е нашиот национален код“, националната манифестација „10 дена Крушевска Република“ која заврши синоќа во илинденско Крушево, се возобнови научната трибина. Македонските историчари нагласуваат дека двата Илиндена, 1903-та и 1944-та ги носат пораките за демократска Европа, а за идентитетските определби и вредности неопходна е национална стратегија...
Со манифестите на Крушевската Република и од АСНОМ, двата Илиндена ги зацврстуваат идентитетот и демократските определби на Македонија, како самостојна и ценета држава во Европа. Иако, Илинден меѓу народот има стабилна основа, се соочуваме со повеќе политички визии. Односот кон Илиндените сега е летаргичен.
За да се одбрани третиот, а да нема четврт Илинден, треба да се нагласат пораките и вредностите од двата Илиндена. Не постои заедничка историја, а таквото прашање не е прецизирано во Договорот за добрососедство.
Треба да се изгради национална стратегија поврзана со колективната и општествена меморија.
Националната манифестација „10 дена Крушевска Република“, по 11 години го возобнови научниот симпозиум.
Трудовите на македонските историчари ќе се најдат во Зборникот од симпозиумот.
Елизабета Митреска