По масовните протести против ископ на литиум, Вучиќ денеска ќе и се обрати на јавноста
Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе и се обрати на јавноста денеска по масовните протести против ископувањето на литиум во сабота навечер во центарот на Белград, јавува српски Н1.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе и се обрати на јавноста денеска по масовните протести против ископувањето на литиум во сабота навечер во центарот на Белград, јавува српски Н1.
Демонстрантите кои во саботата навечер ја блокираа пругата на железничката станица Нов Белград за време на протестот против најавата за ископ на литиум, утринава по пристигнувањето на полицијата се повлекоа од пругата. На железничката станица во Белград утринава имаше околу 50 демонстранти на пругата, каде имаа шатори и транспаренти, а бидејќи на местото беше испратена полициска бригада, демонстрантите се оддалечија кон околните улици.
Српските власти тврдат дека рудникот за литиум ќе ја поттикне економијата и ќе донесе значителен раст на БДП, но еколозите тврдат дека цената би била превисока во споредба со немерливата штета за животната средина и локалната заедница во земјоделски развиената област Јадар на запад од земјата.
