Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница
Утре на седница народните избраници ќе ја започнат тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024-та година...
Утре на седница народните избраници ќе ја започнат тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024-та година. По општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет во која беа усвоени два амандмани, Владата го донесе и дополнетиот ребаланс со кој, се обезбедуваат плус средства за плати и за набавка на опрема за повеќе институции.
Обезбедени се средства за исплата и зголемување на платите во јавната администрација согласно сите потпишани колективни договори, тврди министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Таа појасни дека се во фаза, колку ќе се наплати, толку приближно да се потроши за да не се креира дополнителен буџетски дефицит.