ЦУК: „Бехтел – Енка“ помогна да се стопира крак од голем шумски пожар
Центарот за управување со кризи соопшти дека конзорциумот „Бехтел – Енка“ помогнал да се стопира крак од голем шумски пожар, кој се заканувал на воен објект кај с. Челопеци, Кичевско.
Центарот за управување со кризи соопшти дека конзорциумот „Бехтел – Енка“ помогнал да се стопира крак од голем шумски пожар, кој се заканувал на воен објект кај с. Челопеци, Кичевско.
„Моќен булдожер или багер може да заврши поголема работа и од хеликоптер, доколку условите на теренот дозволуваат негово движење за изработка на доволно широк противпожарен појас кој огнот не може да го помине“, велат од ЦУК.
Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов посочува дека во борбата со огнената стихија која почнувајќи од минатиот месец ја зафати Македонија, за нас како држава секоја помош е добредојдена. Затоа го активиравме ЕУ механизмот за цивилна заштита но истовремено континуирано баравме помош на локално и на централно ниво, од домашни и странски градежни компании кои располагаат со тешка градежна механизација.
Од ЦУК велат дека на големо задоволство на Главниот штаб за управување со кризи, помош во градежна механизација понуди компанијата „Бехтел – Енка“, изведувач на проектот за автопатите Коридор 8 и Коридор 10 д. На конструктивна средба помеѓу директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, со претставници на „Бехтел – Енка“ била договорена нивна брза реакција доколку за гаснење на некој пожар се појави потреба од нивната градежна механизација.
„Во среда попладне (07.08.2024 г.) од „Бехтел – Енка“ побаравме итно да помогнат со еден моќен багер за проширување на пристапниот пат и ископување широк противпожарен појас околу воен објект над густо населената област кај с. Челопеци во општина Кичево, за да се спречи ширењето на големиот пожар на отворен простор. Набргу потоа багерот беше донесен на потребната локација, веднаш започна со работа и рњкордно брзо го изработи потребниот појас“, вели Ангелов.
Тој додава дека „Бехтел – Енка“, исто така во четвртокот наутро (8 август 2024 г.) ја распореди својата опрема од трасата на Коридорот 8 во Делница 2, за да го ограничи и сузбие пожарот во непосредна близина на бачилото во с. Бањица, општина Гостивар.
- Ги повикуваме и останатите домашни и странски компании, доколку се во можност, со своите ресурси да помогнат во борбата против огнената стихија“, се вели во соопштението од ЦУК.