Германија воведува патарина за странци

08.07.2014 12:37

Патарината ќе важи и за автопатите и за другите патишта, а цената ќе зависи од прилагоденоста на возилото според потребите за заштита на околината...

Германската Влада решила дека од 2016 ќе се плаќа патарина за користење на сите патишта и дека ќе воведе винјетки за странските возила, соопштуваат од германската сојузна влада. 
 
Патарината ќе важи и за автопатите и за другите патишта, а цената ќе зависи од прилагоденоста на возилото според потребите за заштита на околината.
 
Винјетките ќе се продаваат на бензинските пумпи или преку интернет. Странците ќе мора сами да ги купуваат  и тоа за период од 10 дена, два месеца или за  една година. Германскиот министер за сообраќај Александер Добринт изјави дека со наплаќање на патарина ќе се соберат пари за обнова на запуштените патишта и автопати.
 
Германија досега не наплатуваше надомест за користење на патиштата, но затоа сопствениците на возилата плаќале одреден процент во склоп на порезот за автомобилот. Според тоа, ова нема да биде ново оптоварување за Германците затоа што ќе се намали порезот за возилата, тврди Добринт.
 
Во Германија годишно проаѓаат околу 170 милиони возила од странство, а според зборовите на министерто на овој начин и тие ќе учествуваат во обнова на патиштата кои што ги користат. Очекува дека ќе се соберат околу 2,5 милијарди евра за 4 години, а трошоците за напалата се проценуваат на 8% од таа сума.
 
Соња Стојановска