Израел
Погодени 30 цели на Хамас во изминатото деноноќие, соопшти израелската војска
11.08.2024 12:28
Во јужниот дел на Газа, евакуација по смртоносниот воздушен напад врз училиште. Израел нападнал и командно место на милитантите, при што загинале најмалку 19-мина...

Израелската војска соопшти дека во изминатите 24 часа погодила речиси 30 цели на Хамас, воени структури, пункт за лансирање противтенковски ракети и објекти за складирање оружје.
Во јужниот дел на Газа, евакуација по смртоносниот воздушен напад врз училиште. Израел нападнал и командно место на милитантите, при што загинале најмалку 19-мина.
Огромното мнозинство од населението на Газа, 2,3 милиони се раселени поради 10-месечната војна. Министерството за здравство на Газа соопшти дека бројот на палестинските жртви се приближува до 40 илјади.
