Вооружен грабеж на пошта во село Буковиќ

08.07.2014 13:02

Во скопското село Буковиќ се ограбени 1 милион денари...

Пред неполни два часа се случи уште еден, во низата грабежи на пошти во земјава.

Во скопското село Буковиќ се ограбени 1 милион денари. Според последните информации, разбојниците биле вооружени со пиштол и со автоматска пушка и биле маскирани.

Засега нема информации за повредени при грабежот.