Влада
Вервизоли разрешена од главен ревизор на ИПА фондовите
11.08.2024 16:05
Афрона Вервизоли разрешена, Арбен Рамадани назначен за ревизор за претпристапната помош. Работел во оваа област...
Афрона Вервизоли е разрешена од главен ревизор за инструментот за претпристапна помош. На нејзино место е назначен Арбен Рамадани.
Тој, како што соопшти Владата, е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Учествувал во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во развој на ревизорското тело и ревизијата и ја следел примената на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во Секторот за ревизија на ИПА областа.
Разрешувањето на Вервизоли доаѓа откако беше обелоденето дека таа ја немала потребната лиценца за тоа место.