Почнува расправата за ребалансот на Буџетот
Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот, во второ читање е седма точка од дневниот ред на 12-та седницата...

Денеска почнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот, во второ читање е седма точка од дневниот ред на 12-та седницата. Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет во која беа усвоени два амандмани, по што Владата го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства – за плати и за набавка на опрема за повеќе институции.
Со подготвениот и надограден ребаланс се проектираат средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината – за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, здравството. Обезбедени се средства за исплата и зголемување на платите во јавната администрација согласно со сите потпишани колективни договори.
