Голем интерес за советничките места во Владата
08.07.2014 13:07
Најголем интерес е пројавен во областите: политички прашања, Европска унија, за надворешни работи, животна средина и култура...

Расте интересот за аплицирање за советничките места во Владата. Досега, дури 200 апликанти се јавиле на огласот, за некои од раководните позиции.
Најголем интерес е пројавен во областите: политички прашања, Европска унија, за надворешни работи, животна средина и култура.
В понеделник, 14 јули, завршува огласот, на кој може да се аплицира само по електронски пат, преку страницата на македонската Влада.
