Пожар во кулата за ладење во Нуклеарна централа во Запорожје
Во краткото видео објавено на официјалниот профил на украинскиот претседател Зеленски се гледа голем чад и пожар во кулата...

Пожар избувна во кулата за ладење во нуклеарната централа Запорожје во јужниот дел на Украина, кој е окупиран од руските сили. Во краткото видео објавено на официјалниот профил на украинскиот претседател Зеленски се гледа голем чад и пожар во кулата. Во описот на видеото е наведено дека индикаторите за радијација во моментов се нормални.
Според Зеленски, руските сили кои ја окупираа областа го подметнале пожарот. Руските сили, пак, тврдат дека причина за пожарот е украинското гранатирање, кое Киев го негира. Раководството на фабриката соопшти дека пожарот сè уште гори, но дека не го загрозува безбедното работење на објектот.
Од Меѓународната агенција за атомска енергија тврди дека пожарот во атомската централа Запорожје не претставува закана за нуклеарната безбедност.
