Србија

Во Белград масовни протести против рудници

12.08.2024 09:22

На протестот беше порачано дека властите можат да апсат, но дека тие нема да се откажат од барањето за забрана за експлоатација на литиум и бор во Србија...

Во Белград повторно протест. Илјадници граѓани излегоа на улиците на српската престолнина поради изрекувањето пресуда за тројца активисти. Протестот почна пред зградата на српската влада во центарот на Белград, а учесниците блокираа и дел од крстосниците во градот.

На протестот беше порачано дека властите можат да апсат, но дека тие нема да се откажат од барањето за забрана за експлоатација на литиум и бор во Србија. Претставникот на Здружението „Не го даваме Јадар“, изјави дека властите приведуваат и други кои учествувале во организацијата на саботниот голем протест.

Рече дека еколошките организации нема да се откажат од своите барања поврзани со забраната за ископ на литиум во Србија.