ГРЦИЈА

Голем пожар во близина на Атина

12.08.2024 09:25

На терен се 400 пожарникари, со 14 пешадиски тима и 110 возила, како и голем број волонтери, во гаснењето се вклучени и авиони и хеликоптери...

Голем пожар во Атина, се движи меѓу куќи и има предизвикано материјална штета, информираат грчките противпожарни служби. На терен се 400 пожарникари, со 14 пешадиски тима и 110 возила, како и голем број волонтери, во гаснењето се вклучени и авиони и хеликоптери.

Поради пожарот кој ветерот експресно го прошири беа испратени вкупно девет пораки од бројот за итни случаи за евакуација на жителите на населените места што се во близина. Во евакуацијата на жителите на зафатените подрачја од пожарот, вклучена е и полицијата, а полицајци одат од куќа до куќа, од врата до врата за евентуално спасување на граѓани. Два здравствени центра во пошироката област и две болници во Атина се во состојба на зголемена готовност, доколку биде потребна хоспитализација на повредени граѓани.

Неколкумина граѓани побарале помош поради проблеми со дишењето по густиот чад.