Париз

Затворени 33.Олимписки игри

12.08.2024 09:42

На спектакуларната свечена церемонија во фокусот беа спортистите и обединувачката моќ на Олимписките игри. На затворањето беше претставен и Лос Анџелес, градот домаќин на наредните Летни игри во 2028 година.

Згасна Олимпискиот оган на 33-те Летни олимписки игри чиј домаќин беше Париз. На спектакуларната свечена церемонија во фокусот беа спортистите и обединувачката моќ на Олимписките игри. На затворањето беше претставен и Лос Анџелес, градот домаќин на наредните Летни игри во 2028 година.

Како и отворањето, така и церемонијата на затворањето беше во режија на Томас Џоли. Уметничкиот директор ја претвори арената во гигантска концертна сала пред 71.500 гледачи. Настапија над 100 уметници – акробати, танчери, циркуски уметници и светски познати пејачи.

На 33-та олимпијада во Париз учествуваа 206 земји и над 10 илјади спортисти. Најуспешни Соединетите Американски Држави со освоени 126 медали од кои 40 златни. Македонија беше дел од најграндиозниот спортски настан со шест натпреварувачи.