пожари

Сè уште има активни пожари во земјава

12.08.2024 10:01

Синоќа повторно избувна пожар над Пехчево во кој изгоре и џип на локалната самоуправа. Кризниот штаб на Пехчево одржа седница на која е договорено гаснење на пожарот во раните утрински часови, се дејствува со два полициски хеликоптера...

Десетина пожари сè уште се активни во земјава. Синоќа повторно избувна пожар над Пехчево во кој изгоре и џип на локалната самоуправа. Кризниот штаб на Пехчево одржа седница на која е договорено гаснење на пожарот во раните утрински часови, се дејствува со два полициски хеликоптера.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и пожарникари од околните градови, од Национални шуми и доброволци. Пожарот на Јасен сè уште не е ставен под контрола и се движи кон ловиштето, а вториот крак се движи во насока кон селото Белица, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожар има и на територијата на Ресен, кој се спушта кон Стење, на тешко пристапен терен и постои опасност да ја зафати густата шума.

Активен пожар има и во општина Новаци којшто зафаќа голема површина на која гори ниска вегетација, а два тешки пожара има и на територијата на Кичево, велат од ЦУК.